Млада битолчанка починала во Општата болница во Гостивар вчера наутро, набгру откако била донесена во болницата. За настанот известија од Секторот за внатрешни работи Тетово, а јавен обвинител дал наредба да се изврши обдукција на телото.
-Вчера во 07:00 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар е пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба била донесена Р.М.(29) од Битола, која набргу починала.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Судска медицина за обдукција, истакнаа од полицијата.
Деск

