Вчера видовме голем број на опозициски и активисти и високи функционери кои беа на протестот, давајќи му и политичка конотација.
Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници и во НАТО и во Европската Унија за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи преставници на меѓународната заедница, вели премиерот Христијан Мицкоски, по повод барањата на студентите за полагање на правосудниот испит и на албански јазик.
Како што истакна, била формирана комисија составена од уставни експерти кои треба да најдат решение во однос на ова прашање кое истовремено ќе биде уставно и согласно меѓународните стандарди.
Додаде дека барањата на студентите за полагање на правосудниот испит и на албански јазик се едно, а Уставот и меѓународните стандарди се нешто сосема друго.
Деск
МИЦКОСКИ: ГИ ИНФОРМИРАВМЕ НАШИТЕ НАТО СОЈУЗНИЦИ И ЕУ ЗА ОБИД НА ОПОЗИЦИЈАТА ДА НАПРАВИ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА!
1 Min Read

