На петтиот концерт на легендарниот Здравко Чолиќ во Зетра во Сараево, публиката беше сведок на емотивен момент. Откако ја забележа во публика својата прва љубов од младоста, актерката Јасна Орнели Бери, тој слезе од сцената меѓу публиката и топло ја прегрна и и бакна рака.
Како потсетување, Јасна и Здравко биле во врска во седумдесеттите години, кога и двајцата живееле во Сараево и се движеле во истите, уметнички кругови.
-Се запознаваме доста млади, одевме во Домот на младите, доаѓаа таму актери, музичари, сликари… Се дружевме, и се вљубив. Сите имаме своја прва љубов, и Здравко секогаш ќе има посебно место во моето срце. Ни се разидоа патиштата, а после војната се сретнавме во Белград. Средбата беше емотивна, и тогаш тој ми ја посвети песната ,, Noć mi te duguje”, во минатото раскажа Јасна за тамошните медиуми.
Инаку, пејачот летово ќе одржи еден концерт во Македонија, во Битола, на први август.
Деск

