Во битолската Зоолошка градина ќе се реализираат два проекти, соопшти Општина Битола.
Како што истакнуваат, градоначалникот Тони Коњановски бил во посета на градината и од директорот Жарко Тренковски бил информиран за плановите и динамиката на изведба.
-Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик.
Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување, на оплеменување на живеалиштата. Денеска се очекуваат да пристигнат и нови жители на зоолошката градина ( мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури, коати) од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву, соопштија од општината.
Исто така, откриваат дека Зоолошката градина оваа година планирала програма за едукација на вработените во Зоолошката градина во Загреб.
Деск

