Еден од најголемите македонски евергрини, песната ,,Чија си” за која музиката ја компонирал легендарниот композитор, пејач и музички продуцент Славе Димитров (79), цели две години стоела во фиока, без име.
Димитров ја компонирал музиката во далечната 1969 година во Битола, а еден ден му ја отсвирил на Благој Стефановски.
Тој пак, го напишал текстот, и пред 55 години, односно во 1971 година за првпат песната беше јавно изведена на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 71“.
Била изведена во две верзии, првата во вокална интерпретација на Димитров, а втората во интерпретација на Крунослав Кичо Слабинац и освоила втора награда од публиката.
Песната до денес има доживеано голем број на верзии, но и на повеќе анкети има освоено епитети од типот ,,песна на милениумот”.
Покрај ,,Чија си” Димитров остави вистинска ризница од вечни мелодии. ,,Каде песно моја”, ,,Момчето со мандолина”, ,,Ѕма Ѕма Ѕм”, ,,Тивко, тивко”, ,,Нежност”, ,,Делфина”… се само дел од неговите евергрини кои се пренесуваат од генерација на генерација и се дел од културниот идентитет и сведоштво за едно време, една емоција и една искрена уметничка визија.
Деск
55 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ЈАВНА ИЗВЕДБА НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ ЕВЕРГРИНИ ,,ЧИЈА СИ”
1 Min Read

