Претседателката Гордана Силјановска Давкова ги примила членовите на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“.
Како што соопшти Силјановска Давкова, за членовите на одборот, именувањето е заслужено признание за исклучителниот придонес на диригентот Ванчо Чавдарски во развојот и афирмацијата не само на македонската музичка култура, туку и на светската, со оглед на неговото диригирање со познати оркестри во реномирани концертни сали. 
-Реализацијата на идејата, сметаат ценетите уметници, ќе биде чин на национална грижа за ликот и делото на Чавдарски, во кого гледаат голем културен македонски амбасадор и врвен музички профил.
Изразив разбирање за иницијативата, низ призма на потребата од почитување и негување на националното и светско музичко културно наследство, како и почитта кон уметничките великани, со неспорен и препознатлив музички придонес, којшто инспирирал многу генерации диригенти, истакна претседателката.
Маестро Ванчо Чавдарски беше македонски диригент со светска слава, кој почина пред 25 години во Бризбејн, Австралија, на 71 година. Диригираше со врвни европски и светски оркестри, и на сите континенти, остварувајки врвни резултати. На сите светски подиуми добиваше долги аплаузи и овации.
Деск
СЕ БАРА ИМЕНУВАЊЕ НА ГОЛЕМАТА САЛА ВО ФИЛХАРМОНИЈА СО ИМЕТО ,,МАЕСТРО ВАНЧО ЧАВДАРСКИ”
1 Min Read

