Заедно со Џокси ја создадоа легендарната празнична песна ,,На Велигден сум се заљубил”, и почина лани, на големиот празник Велигден.

Музичарот, композитор и продуцент Тоше Поп Симонов (1962-2025) како аранжер и Ѓорѓе Васиќ – Џокси, како автор на текстот и музиката и изведувач, стојат зад антологиската песна, без која веќе 36 години не поминува големиот верски празник.
За првпат била снимена во студиото на Поп Симонов во февруари 1990 година, и во тек на годините песната доживеа голем број на верзии.
Во 2007 година, како што раскажа Џокси во постаро интервју за Нова Македонија, песната требало да ја сними и Тоше Проески. Идејата не се реализирала, поради трагичната смрт на Проески, во октомври истата година.
Деновиве во етерот беше пуштена нова, современа верзија на песната, во изведба на Џокси, Драган Спасов Дац и Александар Митевски.
Песната успеа да ги надживее трендовите и да остане подеднакво блиска и на постарите и на помладите генерации и со право може да се каже дека Џокси и Тоше со „Велигден“ направија трајна песна.
Деск

