За значајни средби и стратешка соработка со САД информира министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Тој соопшти дека од Пентагон продолжил на средба со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка на САД, Мајк Милер.
-Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет, имајќи ја предвид нивната клучна улога во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на регионот.
На средбата разговаравме за досегашната успешна соработка меѓу двете држави во областа на одбраната, која се реализира преку програмите за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансирање, опрема и поддршка за сојузничките земји.
Во следниот период се предвидени нови набавки насочени кон модернизација и јакнење на капацитетите на Армијата, истакна Мисајловски.
Додава дека соработката со стратешкиот партнер САД продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за понатамошен развој и унапредување на одбранбениот сектор.
Деск
ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ОДБРАНБЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НИ Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ, ВЕЛИ МИСАЈЛОВСКИ
1 Min Read
Previous ArticleСЛУЖБЕНО КУЧЕ ПРОНАЈДЕ ДРОГА ВО ПОРАНЕШНА ВИНАРСКА ВИЗБА

