Лишени се од слобода четворица разбојници во Скопје, веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, и им следува кривична пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Вчера околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, истакнаа од полицијата.
Деск
Previous Article,,НА ВЕЛИГДЕН СУМ СЕ ЗАЉУБИЛ”, ПЕСНА КОЈА ГИ НАДЖИВЕА ТРЕНДОВИТЕ

