Фестивалот Coachella повторно го привлече вниманието не само со својата музичка програма, туку и со впечатливите модни изданија на посетителите. Пустинската сцена во Калифорнија и оваа година се претвори во своевидна модна платформа, каде што доминираа комбинации инспирирани од бохо стилот, ретро елементи и современи трендови. Лесни ткаенини, впечатливи детали и храбри модни избори го одбележаа изгледот на фестивалската публика, потврдувајќи дека Coachella останува еден од највлијателните настани кога станува збор за летната модна инспирација.

Овој викенд стајлингот на Хејли Бибер се вклопи со колоритната палета на Rhode World поп-ап настанот, инспириран од нијансите на нејзината најнова производна колекција. Колор-блокингот сè повеќе добива на популарност како тренд, поттикнат од поразиграната страна на доцните 90-ти, но и од живописните, „bubblegum“ бои видени на пролетните модни писти за 2026 година кај Bottega Veneta, Vaquera и Diesel.
За Coachella 2026, сестрите Џенер избраа сосема различни естетики. Кендал Џенер која беше домаќинка на својот 818 Tequila поп-ап — се одлучи за минималистички и ненаметлив изглед, носејќи бел краток топ од соработката Wardrobe NYC x Hailey Bieber, бели Levi’s тексас шорцеви со превиткан раб, селектирани од Denim by Orlee, како и темносина бејзбол капа од Adidas, свртена наназад.
Tаа отстапи од вообичаените каубојски чизми типични за фестивалот и избра црни кожени Bente чизми од Ann Demeulemeester. Што се однесува до асесоарите, изборот падна — очекувано — на The Row, при што Кендал носеше црна кожна Nan чанта за на рамо, додека шорцевите ги комплетираше со кожен ремен од истиот бренд.
Но, среде вртлогот од славна содржина од Coachella, се појави Paris Hilton, која остави без зборови со своите Barbie-инспирирани комбинации, комплетирани со екстравагантни чизми. Главниот дел од стајлингот беа нејзините високи чизми до колкови со платформа, во стил на моторџиски чизми.
М.К.

