Планинарскиот клуб Пелистер најавува ново собирање на планинари, со кое повторно ќе се оживее традицијата на заеднички активности и дружење во природа. Годинава по 37-ми пат ќе го организира планинарскиот марш „Димитар Илиевски – Мурато“, во чест на првиот Македонец кој го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест.
Маршот ќе се одржи на 9 мај 2026 година на планината Баба – Пелистер.
Настанот ќе опфати организирано искачување, рекреативни активности и дружење, при што се очекува учество на голем број планинари од Битола и други градови. Од клубот истакнуваат дека ваквите собири имаат посебно значење за одржување на планинарскиот дух и традиција што се граделе со години и дека учесниците треба да бидат физички подготвени и со соодветна зимска опрема, со оглед дека станува збор за искачување на надморска височина над 2500 метри.
Планинарскиот клуб Пелистер важи за едно од најактивните друштва во регионот, со долга историја на организирање акции, маршеви и едукативни настани. Со оваа иницијатива, клубот испраќа порака за важноста на заедништвото, здравиот начин на живот и грижата за природата.
Се очекува настанот да привлече големо внимание и да прерасне во традиционално собирање кое ќе го врати сјајот на планинарските средби во Битола и пошироко.
Деск

