Во Финска е спроведено истражување во кое урбани градинки добиле нов изглед – бетонските игралишта биле заменети со мали „шумски градини“ со трева, земја и растенија.
По само еден месец престој и игра во ваква природна средина, научниците забележале значајни промени кај децата на возраст од 3 до 5 години.
Според резултатите, кај децата се зголемила разновидноста на корисни микроорганизми на кожата и во дигестивниот систем, како и нивоата на одредени имунолошки клетки кои се поврзуваат со посилен имунитет. Современата урбана средина е релативно „стерилна“ во споредба со природата, што значи дека децата имаат помал контакт со разновидни микроби. Според научниците, токму ова може да влијае врз зголемувањето на алергии и автоимуни заболувања во модерните општества.
Истражувачите објаснуваат дека резултатите ја поддржуваат идејата оти контактот со природата и почвата има важна улога во развојот на здрав имунолошки систем.
Иако резултатите се ветувачки, научниците нагласуваат дека се потребни подолги и пошироки истражувања за да се потврдат ефектите.
Деск

