Евро-пратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, порача дека земјата мора да продолжи со реформскиот процес доколку сака да напредува кон членство во Европската унија.
Во интервју за Euronews Bg, Вајц истакна дека особено важни се реформите во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции. Според него, Европската унија очекува конкретни резултати, а не само политички ветувања.
-Погледнете, меѓусебното почитување меѓу нашите земји е основата на нашата соработка во Европската Унија. И тоа важи за сите земји во Европската Унија, но исто така и за сите земји кандидатки кои сакаат да станат членки на Европската Унија. Тоа е заеднички интерес поради кој го правиме тоа што го правиме. Тоа е разбирањето дека само заедно, особено во овие геополитички времиња, само заедно како европски народи, сме во состојба да го заштитиме нашиот европски начин на живот, нашите европски вредности. И тоа важи за сите влади, како и за Владата на Северна Македонија. А во текот на последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи. И не станува збор само за започнување на преговори, туку и за програмата за реформи, за планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47 милиони евра нема да одат во неа, туку во соседните држави, вели Вајц.
Тој нагласи и дека усвојувањето на уставните измени останува една од клучните обврски на земјата, вклучувајќи го и внесувањето на бугарската заедница во Уставот, како дел од договорените услови на европскиот пат.
Вајц предупреди дека секое одложување на реформите може да го забави процесот на интеграција и да ја зголеми неизвесноста околу европската перспектива на земјата.
Според него, Македонија има јасна можност за напредок, но успехот ќе зависи од политичката волја и реалната имплементација на преземените обврски.
Деск
ВАЈЦ: ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ НЕ ВИДОВМЕ НИКАКОВ НАПРЕДОК, АКО ЗЕМЈАТА НЕ ГИ СПРОВЕДЕ РЕФОРМИТЕ, 47 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДАТ ВО СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ!
2 Mins Read
Previous ArticleПО ГОДИНИ ЗАСТОЈ, ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

