Ученичка од шесто одделение од Општина Ѓорче Петров била брутално малтретирана од три повозрасни девојчиња.
Девојчето било физички нападнато, горено со цигари, понижувано и присилувано да јаде измет од куче. Дел од бруталниот чин бил снимен со мобилен телефон. По преживеаниот стрес, детето завршило за лекарска и психијатриска помош. Причината за нападот, според првичните информации, била комуникација преку социјалната мрежа „Инстаграм“, објави Вечер Пресс.
Во врска со вознемирувачкиот настан, од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека било пријавено како малолетно девојче во два наврати било нападнато од неколку малолетнички од истаото училиште.
-Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.
Како што објави Вечер Пресс, како последица на тортурата, девојчето сега добивало стручна помош.
Деск

