Младиот математички талент Македон Димитровски пристигна во Франкфурт, Германија, каде што учествува на меѓународна математичка олимпијада, претставувајќи ја Македонија на едно од најпрестижните натпреварувања за ученици од целиот свет.
Димитровски, кој веќе се издвојува со своите извонредни резултати и длабоко разбирање на математиката, настапува во силна конкуренција на најдобрите млади умови. Неговото учество претставува значаен успех и гордост за македонската образовна заедница.
Во Германија тој замина подготвен, мотивиран и решен гордо да ги брани боите на Македонија, покажувајќи знаење, упорност и натпреварувачки дух на највисоко ниво.
На математичката олимпијада ќе учествуваат над 110.000 ученици од 2.000 училишта од 120 држави.
Од Македонија пристигнуваат бројни пораки за поддршка и гордост, со желби за успешен настап и уште едно големо признание за македонската младина на меѓународната сцена.
Деск
МАКЕДОН ДИМИТРОВСКИ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА
1 Min Read

