На 29 април 2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15-годишно момче од село Желино, по пријава дека пред средно училиште во Тетово се случил инцидент со повредени лица.
Според информациите од полицијата, истиот ден во 16:40 часот од Клиничката болница Тетово било пријавено дека кај нив биле донесени две лица, А.К. (19) и М.А. (18), со повреди нанесени од остар предмет. По преземените мерки, било утврдено дека пред училиштето дошло до физички напад, при што осомничениот 15-годишник ги нападнал двајцата млади лица, а и самиот се здобил со повреди.
На местото на настанот бил извршен увид, при што биле пронајдени нож и штрафцигер. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Деск

