На денот на медицинските сестри почина Сибела Омерова, позната помеѓу штипјани како пожртвувана медицинска сестра, која пред две години ја обедини земјата, кога за неа се собираа средства за лекување на клиника во Турција. Сибела се бореше со канцер, а нејзиниот случај беше првиот за кој се активираше Солидарниот фонд во Општина Штип.
Беа организирани голем број на културно-забавни настани, и следуваа апели за помош како од пациенти на кои им помогнала со својата посветеност, така и од лекари кои работеле со неа и ја опишуваа како грижлива медицинска сестра. Тогаш, за само три дена се собраа над 55.000 евра, од потребните 70.000 евра, за операцијата и хемотерапијата и Сибела замина во Турција.
Денес, веста за смртта на младата жена ја објавија голем број на медицински лица, кои ја познавале и работеле со неа, изразувајќи сочувство и потсетувајќи на нејзината големина како професионалец во својата област.
Деск

