Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави видео во кое прикажува, како што тврди, луксузно уредени државни згради и канцеларии поврзани со министри и функционери од владата на премиерот Виктор Орбан.
Во видеото, кое предизвика големо внимание во унгарската и регионалната јавност, Маѓар прикажува ентериери со скапи материјали, уметнички дела и високо ниво на уредување, тврдејќи дека тие простории се финансирани со јавни средства.
-Шокантен луксуз, салон за пури, видиковец и уметнички дела платени со парите на граѓаните. Неверојатно е дека никој од вработените не кажал дека сето ова, сепак е премногу, вели Маѓар во објавата.
Тој обвинува дека станува збор за систем во кој значителни суми од државниот буџет се трошеле за луксуз на политичката елита, додека граѓаните се соочуваат со економски тешкотии и висока инфлација.
Посебно се споменува и кабинет поврзан со влијателни владини структури, меѓу кои и околината на министерот Антал Роган, кој е често споменуван во критиките на опозицијата.
Нема официјален детален одговор на конкретните наводи од видеото, но во минатото сличните обвинувања беа отфрлани како политички мотивирани напади.
Деск
Previous ArticleТРИПУНОВСКИ: ОВА ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО!

