Гитаристот и коосновач на легендарниот бенд Пинк Флојд, Дејвид Гилмор, објави дека починал неговиот долгогодишен пријател и соработник, саксофонистот Дик Пери.
Во емотивна објава, Гилмор истакна дека со Пери соработувал од младоста, уште од 17-годишна возраст, свирејќи заедно во бендови, а подоцна и во проектите на „Пинк Флојд“. Тој нагласи дека карактеристичниот тон и чувството на Пери на саксофонот се дел од препознатливиот звук на бендот.
„Неговото чувствство и тон го правеа неговото свирење непогрешливо, потпис на огромна убавина што ја познаваат милиони луѓе“, напиша Гилмор, потсетувајќи на неговиот придонес во култните песни „Shine On You Crazy Diamond“, „Wish You Were Here“, „Us and Them“ и „Money“.
Пери настапувал и во подоцнежните проекти на Гилмор, меѓу кои и турнејата „On An Island“, како и на историскиот настап на Live 8, кога повторно се обедини оригиналната постава на Пинк Флојд, во која беше и клавијатуристот Ричард Рајт.
Гилмор во својата објава сподели и фотографии од нивните заеднички почетоци, вклучително и настап во Кембриџ во 1963 година, опишувајќи ја нивната долгогодишна музичка поврзаност и пријателство.
Смртта на Дик Пери претставува голема загуба за светската музичка сцена, особено за љубителите на „Пинк Флојд“, чиј звук остана длабоко обележан од неговиот саксофон.
Б.Н.
ГИЛМОР СЕ ПРОСТИ ОД ДИК ПЕРИ: НЕГОВОТО СВИРЕЊЕ БЕШЕ ПОТПИС НА УБАВИНА ШТО ЈА ПОЗНАВААТ МИЛИОНИ ЛУЃЕ!
1 Min Read

