Познатиот папагал Коки, еден од најпрепознатливите жители на Националниот парк Бриони, го одбележува својот 70. роденден и повторно е во центарот на вниманието на јавноста и посетителите.
Станува збор за какаду кој со децении живее во паркот и важи за вистинска туристичка атракција. Неговата приказна датира од времето на поранешна Југославија, кога бил подарен на Јосип Броз Тито, а подоцна завршил во сопственост на неговата внука Саша Броз.
Со текот на годините, Коки станал симбол на Бриони и миленик на илјадници посетители кои секоја година доаѓаат во паркот. Познат е по својата дружељубивост, како и по тоа што имитира човечки глас и реагира на посетители, што дополнително ја зголемува неговата популарност.
И покрај напредната возраст, Коки и понатаму е активен и присутен во делот на паркот каде што се чува, привлекувајќи големо внимание од туристите.
Од Националниот парк Бриони истакнуваат дека тој е една од најпосетуваните и најинтересните атракции, која со години придонесува за препознатливоста на островите.
Со својот долг живот, Коки не само што надживеа една епоха, туку стана и жив дел од историјата на Бриони.
Деск

