Во Куманово се одржа собир на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ, на кој присуствуваа неколку стотини граѓани од Куманово и Скопје.
Настанот се одржа пред просториите на Српскиот конзулат во Куманово и беше организиран од здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“. Организаторите истакнаа дека собирот претставува израз на поддршка за Србија и дека не е насочен кон мешање во внатрешните политички процеси на државата.
Според изјави на организаторите, на настанот присуствувале и граѓани од македонска националност кои ја поддржуваат политиката на Вучиќ. За време на собирот биле истакнати српски и македонски знамиња, а учесниците носеле транспаренти со пораки за поддршка.
Собирот поминал без инциденти, со засилено полициско обезбедување, а немало официјални политички говори.
Настанот се случува во период на засилени политички тензии во Србија, каде со месеци траат студентски протести против власта, поврзани со барања за политичка одговорност и распишување предвремени избори.
Деск

