Тешка несреќа се случила вчера попладне во кавадаречко, кога трактор се превртел на нива во атарот на селото Ваташа.
Како што информираат од полицијата, на 25 мај 2026 година околу 14:10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на местото викано Моклиште, трактор управуван од И.П. (67) од село Ваташа се превртел за време на извршување на земјоделски работи.
Во несреќата, возачот се здобил со повреди, по што на местото веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Кавадарци и Итната медицинска помош Кавадарци. По укажаната прва помош, повредениот бил пренесен во Општата болница во Кавадарци.
Од здравствената установа информирале дека кај него се констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Се утврдуваат причините за несреќата.
Деск

