На 25.05.2026 година околу 18:50 часот во СВР Велес, 71-годишната Б.Ш. од Велес пријавила дека била повредена во инцидент пред нејзиниот семеен дом.
Според пријавата, додека таа била на терасата од домот, пред куќата пристигнал 41-годишниот Б.У. од Велес. По кратка вербална расправија меѓу нив, тој фрлил тврд предмет кон пријавителката, при што ѝ нанел повреда.
Жената побарала лекарска помош, а случајот бил пријавен во полиција.
Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на настанот, против Б.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Деск

