Благоевград, Бугарија, во јуни ќе стане центар на современата културна сцена во регионот со првото издание на мултидисциплинарниот фестивал Crossing Jumaya Festival, кој од 8 до 13 јуни ќе понуди богата програма од музика, театар, филм и визуелни уметности.
Фестивалот се одржува на Плоштад „Македонија“ и на повеќе градски локации во градот, со цел да ја доближи културата до граѓаните и да создаде нов урбан културен идентитет.
-Музичкиот дел од фестивалот носи силни имиња од светската и регионалната сцена. Од САД пристигнува групата Hazmat Modine, позната по својот уникатен спој на блуз, џез и светска музика.
На сцената ќе настапи и легендарниот македонски музичар Иво Папазов – Ибрјама со Wedding Band, како и Каролина Гочева.
Фестивалската програма ја збогатуваат и култниот бенд „Фолтин“, композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев, како и румунската хип-хоп група Subcarpați.
Посебно место во програмата има проектот Kottarashky & Sando, кој комбинира електронска музика и балкански етно елементи, објави Општина Благоевград на својата официјална страница.
Покрај музиката, „Crossing Jumaya“ нуди и богата уметничка програма. Во рамки на фестивалот ќе бидат поставени изложби со дела од Златю Бояџиев, како и современи уметници како Сашо Стоицов и Борја Шапшалова.
Публиката ќе може да го погледне и документарниот филм „Кучето на Златју“, како и театарските претстави „Ние, духовата музика“ и „В луната стаја“, кои дополнително ја збогатуваат културната понуда.
Организаторите од Општина Благоевград истакнуваат дека фестивалот има цел да го позиционира градот како регионален центар за современа култура и меѓународна уметничка соработка, со програмa која ги спојува традицијата и современите уметнички правци.
Кулминацијата на фестивалот ќе биде на 12 и 13 јуни, со две големи музички вечери на Плоштад „Македонија“, каде се очекува голем број посетители од целиот регион.
В.К.
КАРОЛИНА, ФОЛТИН И ДУКЕ БОЈАЏИЕВ ЌЕ НАСТАПАТ НА ПЛОШТАДОТ ВО БЛАГОЕВГРАД: НАЈАВЕН НОВ ФЕСТИВАЛ ВО БУГАРИЈА
2 Mins Read
Previous ArticleWE WILL ROCK YOU – КОНЦЕРТ НА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ЕНТЕРПРАЈЗ

