Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети компанијата Макпрогрес во Виница, при што упати пофални зборови за нејзиниот развој од семеен бизнис до регионално значаен индустриски производител.
За време на посетата, премиерот истакна дека „Макпрогрес“ претставува еден од темелите на македонската кондиторска индустрија, со годишен промет од над 40 милиони евра и со силна извозна ориентација. Според изнесените податоци, околу 80 отсто од производството на компанијата е наменето за странските пазари.
-Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија.
Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз, кажа Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите компании кои значително придонесуваат за економскиот раст и извозот на државата, посочувајќи дека ваквите примери се клучни за развојот на домашната индустрија.
Особено беше истакнато дека преку својот препознатлив бренд Винчини, како и преку производство за приватни етикети, компанијата успешно се позиционира на меѓународните пазари.
Во компанијата се вработени околу 670 лица, што, како што беше нагласено, претставува значаен придонес за локалната економија и стабилноста на регионот.
Менаџментот на „Макпрогрес“ ги презентирал своите развојни планови за наредните пет години, а премиерот изразил подготвеност Владата да биде партнер во нивната реализација.
Посетата заврши со порака дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат што повеќе домашни инвестиции кои прераснуваат во успешни извозни приказни.
Деск
ВИНЧИНИ ИМА ПРОМЕТ ОД НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА И ВЛАДАТА ЌЕ ПОМОГНЕ ДА ИМ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЦЕЛИТЕ, КАЖА МИЦКОСКИ ВО ВИНИЦА
2 Mins Read
Previous ArticleВАЊА ЛАЗАРОВА – ПРИКАЗНА ЗА НЕПОВТОРЛИВ ТАЛЕНТ И СКРОМНОСТ

