Семејството Ивановски упатува апел до јавноста за поддршка во лекувањето на нивниот син Дамјан, кој уште од најрана возраст води тешка битка со тумор на мозокот, а акцијата за донации се одвива преку платформата ИКРАУД.
Здравото и безгрижно детство на Дамјан било прекинато на само две години, кога по симптоми кои наликувале на обична вироза – покачена температура и повраќање – лекарските прегледи откриле сериозна дијагноза. Оттогаш започнува неговата долга и неизвесна борба.
Во изминатиот период биле извршени две операции во Македонија и една во Турција, но и покрај сите напори на лекарските тимови, туморот сè уште не е целосно отстранет.
Сега Дамјан го очекува четврта операција, за која лекарите даваат надеж дека може да биде пресуден чекор кон конечно отстранување на туморот и подобрување на неговата здравствена состојба.
Наместо безгрижно детство исполнето со игра, учење и дружење, секојдневието на Дамјан го обележуваат болнички соби, медицински третмани и неизвесност. Неговите родители досега самостојно ги покривале трошоците за лекувањето, користејќи ги сите расположливи финансиски средства и можности, но велат дека повеќе не можат сами да ја издржат битката.
Поради тоа е покрената хуманитарна кампања за обезбедување средства потребни за операцијата во Турција и за сите дополнителни трошоци поврзани со лекувањето.
Средствата собрани преку кампањата ќе бидат наменети за покривање на медицинските интервенции, престојот и останатите неопходни трошоци во текот на лекувањето.
Граѓаните кои сакаат да помогнат можат да донираат онлајн преку платформата eCrowd.mk или преку директна уплата на сметката на Фондацијата ИКРАУД.
Податоци за донација: Со картичка: Донирајте онлајн преку eCrowd.mk, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“ погоре. Износот може да биде од 100 до 6000 денари дневно. Со банкарска уплата: За поголеми износи од 6000 денари, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД: Жиро сметка: 270078016610134 Цел на уплата: за Дамјан Шифра: 562 / донации
Од семејството порачуваат дека секоја донација, без оглед на нејзината висина, претставува чекор поблиску до нова надеж за нивниот син и можност тој да добие шанса за посреќно и поздраво детство.
Деск

