На седница на Централниот одбор на Движење ЗНАМ за наша Македонија беа донесени повеќе одлуки поврзани со натамошното организациско јакнење на партијата и активностите што ќе се реализираат во наредниот период.
Централниот одбор усвои Одлука, Правилник, Роковник и Критериуми за формирање на Клуб на жени и Клуб на млади во рамки на партијата, со што започнува процесот на нивно организирање на национално и локално ниво.
Исто така, беа донесени Одлука, Правилник, Роковник и Критериуми за избор на раководства во сите општински организации на Движење ЗНАМ за наша Македонија. Од партијата информираат дека процесот ќе се спроведува согласно утврдените правила и рокови, со цел зајакнување на локалната партиска структура.
На седницата беше усвоен и распоред за одржување панел-дискусии во општинските организации на тема „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, преку кои партијата ќе ги претстави своите ставови и визии за европската перспектива на државата.
Во рамки на точката „Разно“, Централниот одбор донесе и распоред на членови од раководството кои ќе бидат задолжени да го следат и координираат процесот на избор во општинските организации.
Со донесените одлуки, ЗНАМ најавува интензивирање на теренските активности и натамошна консолидација на партиската инфраструктура низ општините во државата.
Деск
ЗНАМ ЌЕ ФОРМИРА КЛУБ НА ЖЕНИ И КЛУБ НА МЛАДИ, ПОЧНУВААТ И ИЗБОРИ ВО ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
1 Min Read
Previous ArticleУСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ИМА, ТВРДИ МИЦКОСКИ

