Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:20 часот на раскрсницата меѓу булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, тешко е повредено 15-годишно момче од Охрид.
Според пријавеното во СВР Охрид, несреќата се случила меѓу велосипед управуван од малолетникот и патничко возило, кое по ударот не застанало и го напуштило местото на настанот.
Повредениот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
По преземени мерки, полициските службеници го пронашле возилото „Фолксваген Тигуан“ со охридски регистарски таблички, како и возачот М.Д. (65) од Охрид. При извршено алкотестирање било утврдено присуство на 0,7 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.
МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, ВОЗАЧОТ – ПЕНЗИОНЕР СО 0,7 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПОБЕГНАЛ ОД МЕСТОТО НА НАСТАНОТ
1 Min Read

