Понекогаш е потребна само една добра идеја за светот да погледне кон Македонија. Токму тоа се случи со компанијата Depacon од Штип зад која стои Дејан Павиќ, чија визија за одржлива иднина стигна до страниците и камерите на една од највлијателните светски новински агенции – Reuters.
Во време кога милиони парчиња текстил завршуваат како отпад по секое големо спортско натпреварување, оваа македонска компанија одлучила да постави едно едноставно прашање: „Што ако старите фудбалски дресови не се крај, туку почеток на нешто ново?“
Одговорот денес го гледа целиот свет.

Ројтерс ја раскажува приказната за компанијата од Штип која отпишаните фудбалски дресови не ги гледа како отпад, туку како ресурс. Наместо да бидат уништени, тие внимателно се преработуваат и добиваат нов живот како чанти, капи, ранци и други уникатни производи. Секој од нив носи дел од историјата на еден клуб, еден натпревар или една спортска приказна.
Она што започнало како иновативна идеја денес е препознаено како пример за успешна циркуларна економија и одржливо претприемништво. Преку соработка со спортски организации и иницијативата FC88, компанијата покажува дека одговорноста кон животната средина и успешниот бизнис можат да одат рака под рака.
Фактот што токму Reuters ја избра оваа приказна е многу повеќе од медиумско внимание. Тоа е признание дека иновациите не зависат од големината на компанијата, туку со влијанието што го создава. А кога светска агенција како Reuters ќе препознае една домашна идеја како пример за иновација и одржливост, тоа е успех со кој може да се гордее цела Македонија.
Фото: Скриншат Ројтерс

