49-годишен жител на Охрид им подлегнал на повредите здобиени при пад од кров на куќа што ја градел на сопствена парцела во близина на стариот пат Охрид–Струга.
Од СВР Охрид информираат дека на 4 јули 2026 година, во 22:45 часот, било пријавено дека А.Ј. (49) починал во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде претходно бил пренесен со тешки телесни повреди.
Според првичните информации, несреќата се случила при пад од кров на објект што го градел на сопствената парцела.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а надлежните институции работат на целосно расветлување на околностите под кои се случила несреќата.

