Финалниот натпревар на Светското првенство 2026 не донесе само спектакл на теренот, туку и рекордни приходи за ФИФА. Според проценките, светската фудбалска организација инкасирала околу 324 милиони американски долари само од продажбата на билети за големото финале.
Натпреварот се одигра пред повеќе од 82.000 гледачи на стадионот „МетЛајф“, а огромната побарувачка за влезници доведе до историски високи цени. Просечната цена на билет на секундарниот пазар достигнала околу 3.930 долари, што го прави ова финале едно од најскапите спортски настани во историјата.
Треба да се напомене дека станува збор за проценка базирана на пазарната вредност на билетите, а не за официјално потврдена сума од страна на ФИФА. Дел од приходите се остварени и преку препродажба на билети, при што ФИФА наплаќа провизија за трансакциите реализирани преку својата официјална платформа.
Светското првенство 2026 постави нови стандарди и надвор од терените. Според последните информации, ФИФА очекува вкупните приходи од турнирот да достигнат околу 15 милијарди долари, што претставува значително зголемување во однос на претходните шампионати. Најголем дел од средствата доаѓаат од продажбата на билети, ТВ-правата, спонзорските договори и ВИП-хоспиталити пакетите.
Овие бројки уште еднаш потврдуваат дека Светското првенство не е само најголемиот фудбалски настан на планетата, туку и еден од најпрофитабилните спортски проекти во светот.

