По силното невреме што вчера ја зафати земјата и предизвика штети во повеќе региони, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатува апел до земјоделците редовно да ги следат официјалните информации и предупредувања од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од Министерството посочуваат дека во услови на нестабилно време, навременото информирање е од особено значење за заштита на земјоделското производство и преземање соодветни превентивни мерки. Земјоделците можат да ги следат временските и агрометеоролошките прогнози преку специјализираната веб-платформа „Агрометео“, која обезбедува податоци важни за планирање и организирање на земјоделските активности.
Невремето со силен ветер, дожд и други екстремни временски појави предизвика последици врз земјоделските површини, поради што земјоделците се повикуваат внимателно да ги следат состојбите на терен и навремено да реагираат согласно препораките од надлежните институции.
Од Министерството нагласуваат дека точните и навремени агрометеоролошки информации се клучни за намалување на ризиците и подобра заштита на посевите и земјоделското производство, особено во периоди кога временските услови се променливи и непредвидливи.
Земјоделците се повикуваат да ги следат информациите на платформата „Агрометео“ и на официјалната веб-страница на Управата за хидрометеоролошки работи:
https://agrometeo.mk/
www.uhmr.gov.mk
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СО АПЕЛ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ПО НЕВРЕМЕТО: СЛЕДЕТЕ ГИ АГРОМЕТЕОРОЛОШКИТЕ ИНФОРМАЦИИ!
1 Min Read

