27-годишното момче од Росоман кое на 30 март ја закла својата мајка додека спиела, е сместено во Психијатриската болница Негорци. Од страна на Основниот суд Кавадарци му е изречено задолжително психијатриско лекување на неопределно време.
Кога се случи настанот, жители на Росоман открија дека станувало збор за лице со здравствени проблеми, кое и во минатото било насилно кон домашните. Тогаш за ВИКИМЕДИА од СВР Велес потврдија дека и пред три години момчето ги нападнало родителите и било сместено во Психијатриската болница Негорци, но потоа неговиот татко побарал да ја повлече пријавата против него.
Мајката – жртва имаше 54 години, а синот ја заклал со кујнски нож додека спиела, во време кога нејзиниот сопруг бил на работа. Веднаш по убиството, синот сам се пријавил во полиција.

