Во тек на вчерашниот ден, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Велес го лишиле од слобода А.Џ.(25) од село Бузалково, велешко.
Како што известуваат од СВР Велес, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“, пиштол „АГ-9“ и 100 парчиња огномет.
Исто така, тој се сомничи дека претходниот ден во село Горно Оризари, велешко, додека се движел со патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, преку отворен прозор испукал еден истрел со пиштол.
-А.Џ. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнаа од СВР Велес.
Деск

