Популарниот српски пејач и композитор Оливер Мандиќ (72) ќе биде специјален музички гостин на 32-то издание на Охрид Фест. Тој го доживеа врвот на својата популарност кон средината на осумдесеттите години, а неговите хитови се слушаат и денес. Во изминатиот период Мандиќ се поретко се појавува во јавност, а пред неколку месеци српските медиуми објавија дека бил опериран поради проблеми со ‘рбетот.
Покрај Мандиќ, на фестивалот ќе гостува и српскиот евровизиски претставник Принц од Врање, како и црногорскиот пејач Бојан Маровиќ.
Од домашните пејачи ќе настапат Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Сашо Гигов- Гиш, Ана Петановска, Нино Величковски, Благоја Грујовски и други.
Фестивалот ќе започне со Фолк вечерта на 29-ти август, а на 30-ти август ќе се одржи Интернационалната вечер.
Ќе има директен пренос на телевизија Алфа, како и на неколку регионални телевизии.
Деск