Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Прилеп-Градско, загина брачен пар од Делчево.
-На 06.08.2025 околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресен пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, соопштија од СВР Велес.
Експресниот пат беше свечено отворен во јануари годинава. Тој е дел од Коридорот десет и со него се скрати патувањето од Скопје до Прилеп на час и десет минути. Но, од пуштањето во употреба, се случија голем број на сообраќајки, а во јавноста се актуелни реакциите дека треба да се превземат мерки за подобрување на безбедноста, односно потребни биле инфраструктурни интервенции, како и дополнителна сигнализација.
Деск

