Десет дена по пријавувањето дека е исчезната, се уште не се знае што се случило со 56-годишната В.А. која живеела со сопругот во неготинското село Војшанци.
Од СВР Велес за Викимедиа велат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а јавноста навремено ќе биде информирана доколку има нови детали за случајот.
Инаку, жената била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот сопруг П.А. (63) во три часот по полноќ на 28-ми јули.
Како што соопштија од полицијата, тој го пријавил исчезнувањето во ОВР Неготино, кога откако се вратил во семејниот дом вечерта, не ја затекнал таму.
Неофицијално, на исчезнатата жена тој ден и било роденден.
Од СВР Велес соопштија дека веднаш по пријавата биле превземени мерки за пронаоѓање на лицето.
Деск

