Македонската музичка сцена се простува со Петар Исиров Пјотр, познат и како Перо Кокер, култен лик кој повеќе од три децении беше дел од клубовите и кафулињата.
Имаше свои авторски песни, а репертоарот му беше составен од класици на Џо Кокер, Леонард Коен, Битлси, Дејвид Ли Рот, Инексес, Ваја Кон Диос…
-Пјотр Исиров – бунтовник, хипик, рокер, ,,Кокер”, Џокер, ноќна птица, и ловец и плен – во блузот на градот заглавен, тлее и живее за секоја секунда да пее, за сите другар – за себе си без никаков ќар…. Почивај во мир друже, светол ти патот кон небото.
Сочувство до Нина и Павел, објави Петар Ренџов на својот Фејсбук профил.
Покрај него, затекнати од веста за смртта на Исиров, со емотивни зборови со музичарот се простуваат не само негови колеги, туку и оние кои биле редовни гости на неговите настапи. Велат дека ако не некој кој пее, туку само ја слушнел изведбата на Пјотр, ќе помислел дека се работи за настап на Џо Кокер.
Додаваат дека неговото ненадејно и прерано заминување сите ги трогнало.
Минатата 2024 година во рамкте на одбележувањето на мини јубилејот – пет години од постоењето на „Котон блуз фестивал“ во култниот скопски клуб „Маракана“ Пјотр и деветчлениот бенд на бината составен од искусни музичари, женските придружни вокали и дувачката секција, ја славеше музиката на Џо Кокер.
Исиров и бендот тогаш поминаа низ хитовскиот репертоар на Кокер со многу автентичност и емоции, а беа вклучени и обработки на познати теми од Леонард Коен, „Инексес“ и „Битлс“.
,,На кафе со ѓаволот” е една од неговите попознати авторски песни.
Деск

