Познат штипјанец кој во минатото бил угостител, синоќа ја убил својата мајка. Настанот се случил во семејниот дом, кога С.З. (53) во агресивна состојба, со неколку убоди со нож ја усмртил мајка му.
Како што раскажуваат штипјани, станувало збор за лице кое било познато во градот, своевремено како угостител, а потоа откако станал зависник од алкохол, западнал во проблеми.
Покрај зависноста со алкохолот, се борел и со зависност од коцка.
Неофицијално, и во минатото покажувал агресивност кон блиските и бил пријавуван во полиција, но потоа тие ги повлекувале пријавите.
Бил извршен увид на местото на настанот, а повеќе информации за случајот се очекуваат од СВР Штип во тек на ден.
Деск

