Штипјанецот кој рано утринава ја уби својата 84-годишна мајка е лишен од слобода, информираат од СВР Штип. Од таму излегоа со детали за настанот кој ја вознемири јавноста.
-На 08.08.2025 во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на Јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став.2 точка 2 од Кривичниот законик, потврдија од МВР.
Како што раскажуваат штипјани, станувало збор за лице кое во минатото било познат угостител во градот, но потоа станал зависник од алкохол и коцка и неретко ги малтретирал блиските.
Деск

