Македонската музичка ризница од денеска е побогата за уште едно инструментално дело во изведба на Илија Мицев и Тодор Ушитков од Дакапо Бенд, информираат од тимот на музичарите.
Додаваат дека „Тајм“ на Илија и Тодор е уникатна инструментална фузија што ги спојува богатите ритми на Балканот со слободата на џезот и боите на светската музика.
-Овој проект е креиран со страст и прецизност – каде секој тон раскажува приказна, а секој ритам повикува на движење. Голема актерска екипа и танчари ја красат екранизацијата на „Тајм“, а меѓу нив има и популарни фудбалери.
Популарните и успешни македонски фудбалери Александар Вареловски – Брзи и Александар Мишов како јаготка на шлагот ја надополнуваат младата актерска екипа сочинета од танчарите: Сара Мицова, Елена Накова, Драгица Јосифова, Бисера Манева и Мила Кимова, фудбалерите: Илија Мукаетов, Никола Костоски, Зоран Мантев, Марјан Митрев, Ангел Исаков, Марија Мишева, како и статистите: Матеј Мицов, Стефанија Тасева, Илија Коцев, Ангела Велкова, Никола Тасев, Јасмина Ѓорѓиева, Теа Костова. „Тајм“ на Илија и Тодор не е само музика – тоа е чувство кое ќе ве однесе низ различни култури, емоции и пејзажи – без да го напуштите местото каде што сте, истакнаа од ПР тимот на музичарите.
Видеото за ,,Тајм” е прикачено на музичкиот канал Јутјуб.
Деск

