Лишени се од слобода крадци од Неготино кои украле околу 30.000 евра, а при претрес е пронајдена и дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Додаваат дека вчера во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода сопружниците, 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино.
-Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата.
Додека, денеска (08.08.2025) со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја, соопштија од министерството.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биле поднесени соодветни пријави.
Деск

