Турист од Бугарија на возраст од 52 години денес бил пријавен за исчезнат. Според пријавата во СВР Охрид, исчезнувањето се случило додека нуркал на длабочина од 89 метри во Охридско Езеро, над Трпејца.
Од секторот за внатрешни работи Охрид соопштија дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваат тимови од Езерската полиција и Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора”.
Деск

