Огромни гужви има денес за влез во соседна Грција на граничниот премин Евзони. Додека за излез од Богородица се чека околу половина час, возилата кои чекаат влез во Грција се наредени во седум колони, а чекале и по неколку часа.
Граничните премини се речиси споени, а жешкото време продизвикува дополнителни нервози кај патниците.
-Возилата речиси и не се движат! Заглавени сме овде, чекаме од 11 часот, велат наши туристи кои се упатиле на летување во Грција.
Покрај македонски, има голем број на возила и од соседна Србија, Романија, Германија… Дел од нервозните возачи трубат со сирените, во надеж дека ќе се забрза процесот со проверка на пасошите.
Деск

