Премиерот Христијан Мицкоски синоќа бил во Преспа, каде вечерал со Крис Павловски, американски бизнисмен со македонски корени, односно неговите родители потекнувале од Преспа и Маврово.
-На пријателска вечера со Крис Павловски, кој овие денови е во посета на неговата Преспа. Разговаравме за перспективите и иднината на Македонија, и користењето на сите шанси што ќе направат развој и просперитет на нашите граѓани, објави премиерот.
Павловски важи за човек близок до актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Неговата компанија во февруари отвори подружница во Македонија. Основна дејност на копманијата „Рамбл клауд“ е „компјутерска инфраструктура, обработка на податоци, серверски услуги и сродни дејности“ и таа е замислена како алтернатива на „Јутјуб“.
Премиерот Мицкоски пак, уште во јануари годинава објави дека во Вашингтон имал исклучително продуктивен долг состанок со Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп.
Деск