Минатата година започнавме едно патешествие, со цел да содзадеме нешто ново и препознатливо за Дисан, а кога видовме каков интерес привлече првото издание на Disan Open Fest 2024, не се двоумевме многу за да продолжиме и годинава, со ново издание на фестивалот, велат организаторите на забавната манифестација која се одржа во Долни Дисан, Неготино.
Настапиле ,,Special selection” од Кочани и диџеј DJPS, и фестот поминал во одлична атмосфера, со голема посетеност.
-Расположените лица на гостите зборуваат доволно дека овој настан е вистински погодок и нешто кое му недостигаше на Дисан. Фестивалот понуди добра забава за посетителите, но исто така станува промотор на нашето место, вели Перо ДЈ Стојанов.
Додава дека успешното издание на Disan Open Fest 2025 е знак дека треба да се продолжи со организирање на фестивалот и во иднина, а истовремено, од година во година тој да расте и да носи што е можно поголем број на гости од сите краеви на земјата.
В.К.