Жена на возраст од 40 години од Градско е пријавена за исчезната пред два дена и полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.
Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, на 12.08.2025 во 16:00 часот во Полициска канцеларија Градско, С.И.(43) од Градско пријавил дека од домот се оддалечила неговата вонбрачна сопруга Џ.С.(40).
-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, истакнаа од СВР Велес.
Случај со пријава за исчезната жена беше актуелен и во неготинско Војшанци, кога сопругот во полиција пријавил дека ја нема неговата сопруга.
По неа се трагаше речиси три недели, се до вчера, кога таа се обрати до редакцијата на Викимедиа со порака до јавноста и институциите, дека не била исчезната, туку самата си заминала, бидејќи трпела семејно насилство.
Потоа, информираше дека стапила во контакт и со полицијата, со цел да се расчисти случајот со пријавата за нејзиното исчезнување.
Деск