Сузана Спасовска и Благоја Грујовски ќе настапат во ревијалниот дел на Фолк вечерта на фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури, која ќе се одржи на 29-ти август на сцената на „Долни сарај“ во Охрид.
-Ќе ги слушнеме по подолго време со нова песна и песна што била изведена на овој фестивал, вели Љупчо Соколов, уметничкиот директор на Фолк вечерта кој ветува висококвалитетна музика на 32-то издание на фестивалот.
-Благоја Грујовски ќе настапи со песната ,,Ноќва Охрид не спие”, која беше победничка на минатогодишниот фестивал, а Сузана Спасовска ќе настапи со песната ,,Невеста охридска”, која за првпат ќе ја слушнеме на сцената на Долни Сарај, вели Соколов.
Интернационалната вечер ќе се одржи на 30-ти август, и како што е веќе најавено, специјални гости ќе бидат Оливер Мандиќ и Сашо Гигов- Гиш кои ќе бидат наградени за безвременски хитови.
Како гостин доаѓа и менаџерот Рака Мариќ кој ќе добие награда за особен менаџерски придонес во популарната музика.
Деск