На 17.08.2025 во 19:23 часот во ОВР Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во домот на Е.А.(26) од Кавадарци, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Додаваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема.
-Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, при што било констатирано дека пожарот настанал од оставена запалена цигара на душек од страна на неговата сопруга, информираат од СВР Велес.
Деск

