Жена од Зајас го пријавила во полиција сопругот поради закани, полициските службеници му нашле пластичен пиштол и куршуми при претрес, а пак од неговиот татко биле одземени вистински пиштол и куршуми.
-Вчера околу 23:10 часот во с.Зајас, кичевско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Ф.З.(81) и Ш.З.(50), двајцата од с.Зајас.
Постапувајќи по претходна пријава дека Ш.З. се заканувал на неговата сопруга, со нивна согласност, полициските службеници влегле во нивниот дом и извршиле претрес, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека кај Ш.З. биле пронајдени куршуми и пластичен пиштол, додека кај Ф.З. биле пронајдени и одземени пиштол и 38 куршуми различен калибар.
-Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, изваесија од МВР.
Деск

